Се интензивираат градежните активности на деловната зграда на Министерството за финансии, што се наоѓа во центарот на Скопје и се очекува оваа есен објектот биде пуштен во употреба. Како што информираат од скопската градежната компанија Енергоплан инженеринг", задолжена за реализација на објектот, тој е во фаза на санација, фаза што е дополнително воведена во проектот и во моментов се реализира. Уште еден дополнителен елемент во развојната фаза на проектот е и промената на деталниот урбанистички план, односно зголемување на висината на зградата. Градбата се одвива со рамки на утврдените норми и се очекува да заврши во третиот квартал од годинава, како што беше и претходно најавено - информираат од компанијата и додаваат дека сите останати активности и развојни фази се во нормални рамки на еден градежен проект од ваков тип. Од градежната компанија, исто така, информираат дека финансиската состојба на компанијата Енергоплан" а.д. од Љубљана, која во моментов е во неповолна состојба поради економската криза во Словенија, нема никакво влијание врз ликвидноста и солвентноста на компанијата "Енергоплан инженеринг" д.о.о. од Скопје, а соодветно на тоа нема никакви импликации врз текот и изградбата на деловната зграда на Министерството за финансии.
Се интензивираат градежните активности на деловната зграда на Министерството за финансии, што се наоѓа во центарот на Скопје и се очекува оваа есен објектот биде пуштен во употреба.
Како што информираат од скопската градежната компанија Енергоплан инженеринг", задолжена за реализација на објектот, тој е во фаза на санација, фаза што е дополнително воведена во проектот и во моментов се реализира.
- Уште еден дополнителен елемент во развојната фаза на проектот е и промената на деталниот урбанистички план, односно зголемување на висината на зградата.
Градбата се одвива со рамки на утврдените норми и се очекува да заврши во третиот квартал од годинава, како што беше и претходно најавено - информираат од компанијата и додаваат дека сите останати активности и развојни фази се во нормални рамки на еден градежен проект од ваков тип.
Од градежната компанија, исто така, информираат дека финансиската состојба на компанијата Енергоплан" а.д. од Љубљана, која во моментов е во неповолна состојба поради економската криза во Словенија, нема никакво влијание врз ликвидноста и солвентноста на компанијата "Енергоплан инженеринг" д.о.о. од Скопје, а соодветно на тоа нема никакви импликации врз текот и изградбата на деловната зграда на Министерството за финансии.
Деловната зграда на Министерство за финансии беше започната со градба во март 2011 г. во напуштениот објект, карабината на Југобанка. Според архитектонското решение зградата ќе претставува уникатно здание во неокласичен стил со современ концепт на внатрешно уредување и најсовремена технологија за заштеда на енергија и за заштита на околината.
За да ја обезбеди финансиската конструкција на проектот, "Енергоплан инженеринг" наменски инвестираше 2,3 милиони евра во банкарските гаранции за изведба на објектот.